logo

# Сатира

ПРИНЦИПИЕЛНО: СДСМ јавно му се извини на Никола Тодоров оти го нарекувала „убиец“ без основа

насловна слика

Најголемата владејачка партија, СДСМ, денес испрати јавно извинување до поранешниот министер за смрт, Никола Тодоров, затоа што во периодот од 2013 до 2017, неколку пати јавно го етикетирала како „убиец“ без да ја почитува пресумпцијата на невиност и одлуките на судските власти со што уште една покажа дека секогаш стои цврсто до своите принципи и ставови.

 

- Му се извинуваме на г-нот Тодоров за неоснованите етикетирања. Ни требаше деценија да сфатиме дека пресумпцијата на невиност е закон, ама тогаш бевме млади и во опозиција и не’ понесе атмосфера. Сепак, времето покажа дека се работи за чесен човек што е чист како солза па се’ што ни останува е да ги наведнеме главите и гласно да кажеме: Извини Никола! – се вели во соопштението на владејачката СДСМ.

 

Веднаш после ова, тие испратија ново соопштение до јавноста во кое побараа сите политички чинители веднаш да престанат со неоснованите обвинувања за скандалот на онкологија и да почекаат да заврши истрагата за пред судот да се изведат 1 бел мантил во чии џебови биле пронајдени непријавени цитостатици, 2ца чувари и 4ца хигиеничари, кои по се' изгледа стојат зад сево ова. 

Коментари


Остави коментар