Не е се така црно!!!
Можеби нашиот претставник не собра доволно гласови за влез во финалната вечер на Евровизија, но сепак тој ќе настапува во финалната вечер на Евровизија!
Ова е откако тој ќе влезе во коалиција со Италија, земја што е веќе дел од Евровизиското финале!
"Јас сум многу горд што ќе бидам дел од финалето. Ова е вистински потег дека демократијата функционира! Ви благодарам на сите што гласавте со мене, а вие што не гласавте... ЌЕ ВЕ ЗАПАМТАМ!" - изјави Васил.
Од друга страна пак, Мила Царовска веќе се пофали дека во учебниците по "Предмет што потсеќа на Историја, а не е историја" ќе се пишува дека Македонија од 1903 до сега секоја година влегувала во финале на Евровизија и доминирала, нешто што веднаш доби пофалби од страна на Ким Јонг Ун.
Овој потег за коалиција со друга земја за да се избегне срамот на губењето го пофалија членови на СДСМ и ФК Миравци.