logo

# Сатира

Преставник на средношколците: "ВМРО СИГУРНО ГИ ПЛАЌА ПРОФЕСОРИТЕ"

насловна слика

Средношколците дефинитивно сакаат назад во училиште!

 

Денеска, во име на сите средношколци во земјата говореше непознат, објективен и партиски неопрделен член наречен Зоран Заевски, а ова младо, но сепак интелектуално зрело момче тврди дека наставниците се платени од страна на ВМРО-ДПМНЕ!

 

"Видете, јас сум млад човек, средношколец. Имам и мустаќи, зрело момче сум. И одма можам да видам дека овие професори се платени од ВМРО-ДПМНЕ! А не како овие од пред неколку години протестите што беа, каде очигледно беше дека се објективни и нималку не беа поврзани со политика. Ама јас, додека сум жив, додека го дишам овој воздух од нашата земја... ве уверувам дека ќе се  борам за вистината да излезе. А  вистината е дека странски служби и опозицијата се смешани во протестиве! За разлика од протестите од пред неколку години кога власта ги плшеше младите дека протестите се благодарение на странски служби и опозицијата. Ова е тотално различна ситуација! ВМРО-ДПМНЕ се криви, да не се викам јас Зоран Заевски ако не е така!' - изјави младиот, анонимен, субјективен и интелектуален средношколец со мустаќи.

Коментари


Остави коментар