logo

# Сатира

"ПРЕСТАНАТЕ СО НЕМИР И ОМРАЗА" - вели човек што бараше немир секогаш кога ќе нема правда

насловна слика

Конечно, мислењето што сите го очекувавме!

 

Човек со иницијали Г.З. од Битола побара мир, разбирање, љубов и позитивна енергија во овие мрачни денови за Република Македонија после трагедијата во Тетово.

 

Имено, господинот Г.З. на својот фејсбук профил упати срцепарателна порака која навистина ќе ве допре.

 

"До кога со омраза?

 

До кога со поделби?

 

Срамота е да се повикува на немир во моментите кога во државата недостасува правда.

 

И јас прв ќе ви го кажам ова.

 

Еве, пред 5-6 години велев дека е ок да се уништуваат згради, да се кршат прозори и сосема е фер јавноста со притисок на улиците и скандирање дека криминалците мора да си лежат или да висат да бара одговорност. Бидејќи на јавноста им е преку глава од неправда и неспособна влада.


И да, велев дека до крајот на животот ќе повикувам на немир секогаш кога нема правда.

 

Да, јас на улиците свесно се борев и правев се што можев за да создадам немир поради тоа што владата е неспособна.


Ама овие, денешниве луѓе... ми се гади.

 

Прееска видов еден статус.

 

Во него го пишуваше следново:

 

"Decki, ne znam, ne me sfakajte pogresno, ama mislam deka treba ministerot da si dade ostavka ako losho ja srabotil rabotata i poradi nego umrele lugje. Ne znam. Sakam samo pravda i normalnost. Nema da izlezam na ulica, nema da krsham prozori, imam KOVID, a bolnicite se prepolni. Ama ne znam dali e ministerot kriv. Mozda e? Ako e...treba da si dade ostavka"

 

СФАЌАТЕ ЛИ КОЛКУ Е ОВА ЛОШО????

 

ВАКА ЛИ ВО ЕУ БЕ ДРУГАРИ???? ВАКА ЛИ????????

 

МИ СЕ ГАДИ.

 

ДО СЕГА ПОВРАЌАВ.

 

СРАМОТА!!! КАЖЕТЕ КОЈ ВЕ ПЛАЌА БЕ ШУПАЦИ ЕДНИ, ДА ВИ СЕ НАСЕРАМ ЈА НА ВАС!!!

 

Грозно. Навистина грозно е во 2021 да се пишуваат вакви статуси.

 

Мора некој да одговара за вакви статуси!" - вели господинот Г.З.

Коментари


Остави коментар