Нов ден - нов човек што ја изгубил својата работа поради проблеми со вирусот!
Имено, лицето со иницијали П.Ц. ја изгубил својата работа како хонорарац бидејќи фирмата му барала да има инсталирано анти-вирус на својот компјутер!
"МОЈ КОМПЈУТЕР МОЈ ИЗБОР! Нема да дозволувам некој да ме форсира да ставам анти-вирус. Проверен ли е тој анти-вирус? На Бил Гејтс да не е некој? Не верувам! Што знае тој Бил Гејтс за компјутери уопште?? Што се меша??? Си имам пар икони на десктоп, а си имам и пар икони околу десктопот. Имам и постер од Путин во соба. Ме штити. Можеби ја изгубив работата... но подобро да ја изгубам работата отколку некој да ме тера со сила да инсталирам анти-вирус на компјутерот!" - изјави П.Ц. за нашиот сајт.