logo

# Сатира

ПРЕС НА ВМРО-ДПМНЕ: “Ептен е лошо исто ко во време на ВМРО”

насловна слика

На денешниот прес на ВМРО-ДПМНЕ се обрати претседателот на партијата - Христијан Мицкоски, кој е познат по тоа што во своето слободно време е член на “Здружението на постирачи на цитати на фејсбук” (заедно со Сузана Турунџиева, Коста Петров и Драган Таневски)

 

Тој се пожали за лошата ситуација во државата и кажа дека СДСМ ја води државата во лош правец.

 

“Ептен е лошо. Вака беше криминално и во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Значи стварно е лоша ситуацијава.” - изјави Мицкоски.

 

Кога еден новинар посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е неговата партија и дека со ова тој само им дава на гласачите уште една причина да не гласаат за нивната партија тој само кажа “Луѓе. Ве молам. Да го баталиме минатото. Да гледаме напред.” – по што се сврти и замина.

 

На контра-прес, лидерот на СДСМ кажа дека нема мислење за пресот на Мицкоски.

 

Кога Зоран Заев беше запрашан што мисли за тоа што Мицкоски му ги краде форите тој само кажа “Луѓе. Ве молам. Да го баталиме минатото. Да гледаме напред.” – по што се сврти и замина.

 

 

 

Коментари

qhhwUiJzm1AcdlRNomr9UZWI2Gv1qJxSocLIuRcn

Искрен лик, свака част....хахаха


Остави коментар