logo

# Сатира

ПРЕМИЕРОТ ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ЗА ТРУЕЊЕТО СО ХРАНА: Пред првите симптоми јадев руска салата!

насловна слика

Премиерот на Нашата Земја, Димитар Ковачевски, кој вчера заедно со својот шеф на кабинет пројавил симптоми на труење со храна, се сомнева дека зад сѐ стојат руските служби, бидејќи последна храна што ја внел неколку часа пред труењето била руска салата.

 

- Пред да ги добијам првите тегоби, во владиниот ресторан јадевме салата, но ни на крај на памет не ми падна дека може да се работи за биолошко оружје. Случајот веднаш му го пријавив на Оливер Спасовски, кој ја приведе руската и почна да ги бара конекциите меѓу неа и Русија. Наскоро ќе излеземе и со конкретни докази, а до тогаш јас ќе се префрлам на други, поевропски салати додека руската - има да ја нема од менито во Влада! - изјави премиерот за Кооперација.

 

Тој доби силна поддршка од нашите НАТО пријатели, кои му посакаа брзо закрепнување и среќа со апстиненцијата од руска и му ветија еднократна помош од 10 тони грчка салата, која треба да пристигне во земјава утре.

Коментари


Остави коментар