Патниот правец Плетвар - Прилеп, кој од денес стана пловен благодарение на негрижата и неспособноста на надлежните институции, ќе биде нов домаќин на Охридскиот маратон. Вака одлучија организаторите на маратонот, заедно со државните институции кои се покровители на овој настан, најмногу поради тоа што секоја година летната сезона се скратува поради оваа манифестација.
- При крајот на секое лето мора да го затвориме Охридското Езеро за сообраќај, со цел да ги обезбедиме маратонците, а тоа во превод значи огромни средства фрлени во вода само поради еден спортски настан. Среќа што добрата работа на надлежните овозможи на Плетвар да се создаде базен во четири ленти и грев е да им ги земаме парите од уста на охридските угостители при вакво модерно здание. – изјави еден од организаторите.
По завршувањето на Охридскиот маратон, центарот за водени спортови „Плетвар“ најави богата спортска програма, а некои од содржините се: државното првенство во возење кајак на диви води, Балканскиот Куп за едрилици и уште многу други спортски настани.