Конечно! Завршија долгите преговори на Нашата Земја со Република Бугарија!!!
Наместо Гоце Делчев и Самоил, најнов Бугарин испадна премиерот Димитар Ковачевски!
Тој се надева дека ова ќе и помогне на државата да добие волја за почеток на преговори за добивање на датум за добивање на датум за почетокот на преговорите во Унијата која автоматски те прави среќен, задоволен и со 20цм поголем полов орган.
"Видете, јас немам ништо Бугарско во мене. Ни роднини ни ништо. Немам ни пасош од Бугарија. Апсолутно ништо немам. И апсолутно нема никаква логика зошто јас да сум Бугарин. Арно ама, да не дозволуваме логиката да застане на патот на промените. Ако се водиме од логика тогаш нема 1000 години да ги решиме проблемите. Затоа, ќути си, трај си, нека ти прават што сакаат." - изјави Ковачевски.
Бугарската страна во преговорите е презадоволна.
"Видете, сакавме да ги славиме успесите на Самоил и Делчев. Арно ама.. тие се мртви. Зошто да се замараме со мртви луѓе кога може да кажеме дека жив човек е наш? Еееј - модерен Делчев! Ковачевски е модерен Делчев! Бугарин што се бори за незвисна Бугарија во Македонија. Исто како и тоа што го правел Гоце Делчев! Е сега, ок е, Ковачевски нема влакна над устата исто како Делчев што имаше легендарен мустаќ. Нити пак има влакна на главата. Нити пак има влакна кај... ок, не мора да продолжувам се сфаќаме. Ова е голем успех за Бугарија! Продолжуваме понатаму! Следен чекор е да пробаме некако да кажеме и дека Христијан Мицкоски е од Бугарија. Продолжуваме напред!" - изјави премиерот на Бугарија.