logo

# Сатира

ПРЕДВЕСНИК НА ПРОЛЕТТА? Првиот член на ЛЕВИЦА отвори врата!

насловна слика

Доаѓа пролетта!

 

Птиците пеат, кокичињата никнуваат, а згора на тоа и првиот член на ЛЕВИЦА утрово отвори врата.

 

Како што дознаваат нашите извори, за прв пат член на оваа партија отворил врата откако тој се затворил во својот дом минатата есен поради најавениот попис.

 

"А бе шо знам... видов на вести демек завршил пописот па ај да отворам врата. Ваљда е ок, а?" - беа првите зборови на членот на ЛЕВИЦА по отворањето на вратата.

 

Метеоролозите велат дека ова е сигурен знак дека наскоро ќе започне пролетта.

 

 

Коментари


Остави коментар