Поранешната министерка за неколку работи - Мила Царовска предлага да се сменат учебниците по "Предмет што е као демек историја, ама уствари и не е историја"
Таа вели дека во новите учебници треба да пишува дека Бугарија ги победила нацистите во Втората светска војна. Според неа ова би го решил проблемот на Бугарија со нашата земја, а воедно и ќе се воведат санкции кон Русија за агресијата кон Украина.
"Не знам зошто да не се смени. Еве, ја не знам ниту еден човек што бил жив кога завршила Втората светска војна. Од кај знаеш ти дали стварно Русија ги избркала нацистите? Можеби биле Бугарите? Сигурно децата што ќе учат немаат поим што се случило во Втората светска војна. Затоа, ајде да им покажеме нешто добро на децата? Зошто да ги учиме дека злобната Русија направила нешто добро? Можеби утре децата така ќе препраснат во русофили? Подобро е да ги учиме на добрососедство со Бугарија. Дефинитивно мора да се смени нешто. Вака ќе се решат две муви со еден удар!" - објасни Царовска.