logo

# Сатира

ПРЕД НАЈАВЕНОТО ПОСКАПУВАЊЕ: Македонците масовно купуваат месо од ајкули и делфин

насловна слика

Веста за поскапување на месото од ајкула и делфин, што во јавноста ја пласираше министерот за финансии, Фатмир Бесими, предизвика вистинска грозница помеѓу граѓанството, кое масовно ги наполни рибарниците во обид да се снабди со килограм повеќе од најбараниот производ овие денови.

 

Екипата на Кооперација посети неколку рибарници, каде илјадници граѓани мирно чекаа во ред за да се снабдат со саканиот производ, пред престојните празници.

 

- Петок традиционално јадеме гравче, а сабота ни е резервирана за ајкула или делфин. Порано купувавме и кит, ама откако пораснаа децата поретко, оти многу им е мрсен. Некогаш јас и жената знаеме да се почастиме сами, ама тоа се ретки прилики. - изјави за Кооперација Борче Ѓ., градежен работник од Мралино.

 

Кај рибарниците владее страв, затоа што веќе ги трошат последните залихи, кои инаку биле планирани до јуни, следната година, и се сигурни дека доколку останат без омиленото месо на Македонците, сигурно ќе започнат немири, од кои тие ќе бидат првите жртви.

Коментари


Остави коментар