Како начин да покаже дека и тој е обичен човек како и сите нас - премиерот на... премиерот на...
Нашиот премиер реши да постира слика од знамињата на двете екипи што ќе го играат вечерашното финале на Европкото првенство.
Како што сите знаеме, во финалето ќе се сретнат екипите на Англија и Италија.
Сепак, нашиот премиер, по грешка ги постираше знамињата на Данска и Ирска.
Освен тоа, тој го пиша и следново:
Фудбалот е игра, адреналин и тимски дух. Головите се само бројка на истекот на 90-те минути. А, добрососедството е внимателност и почит кои треба да траат со години, децении и векови. Честита победа на нашите македонски фудбалери, нашата гордост, нашиот тим кој оди напред кон европски пласман! Честито и на косовскиот тим за добрата игра. 🇲🇰🇽🇰 #EURO2020 #MKDKOS
Забелешка: Статијата е сатира. Ова се нема случено во реалноста и сигурно ниту еден член на владата не би направил некоја ваква банална грешка
Забелекшка 2: Се извинуваме. Штотуку не' известија дека сепак се има случено некој од владата да утне знамиња. Ама добро, се дешава, сите имаме згрешено еднаш во животот.
Забелешка 3: Се извинуваме. Ни кажаа било повеќе од еднаш. Добро... се дешава... две грешки да направиш и не е толку сериозно кога ќе сфатиме колку е долг животот уствари...
Забелешка 4: Се извинуваме повторно. Ни кажаа 3+ пати некој од владава има утнато знаме... па... па... ам... добро, се дешава, барем не пишале нешто дека честитаат ден за победа НА фашизмот наместо НАД, хаха, така да, добро ова со знамето и не е така лошо, хаха
Забелешка 5: Уште едно извинување од наша страна. Наводно и ова горе што го спомнавме се десило на некого... па добро бе, како уопште имаат гласачи овие бе? Колку треба да си глуп да ги гласаш овие? Ама ајде... овај... ам... се уште е сатиричен нашиот текст. Барем оној текстот што го пишавме е фејк, ние го напишавме и дефинитивно не постои како вистински пост на фејсбук страницата на Зоран Заев, хахаха
Забелешка 6: Драги гледачи... нема да ви се верува...