logo

# Сатира

ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО ЌЕ ПОСЕТАТ 500 СЕЛА: Селаните организираат народни стражи

насловна слика

Најавата на пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека во наредните недели планираат да посетат 500 македонски села, предизвика невидена паника и ги крена на нозе селаните, кои се самоорганизираат за да си го заштитат имотот и да се одбранат од алчните политичари.

 

Освен организирање на народни стражи, селаните менуваат брави и врати, инсталираат аларми и ангажираат безбедносни агенции, а помал дел го напуштиле својот имот и се иселиле од селото, свесни дека после опозицијата, селото ќе го посетат и пратеници од власта.

 

Постарите жители на селата велат дека последен пат кога народот бил олку сложен беснеела Втората светска војна, со таа разлика што тогаш било лесно да се идентификува непријателот бидејќи говорел на неразбирлив јазик, додека денес тој користи ист јазик како и нив и се преправа дека работи во нивни интерес.

Коментари


Остави коментар