logo

# Сатира

Пратениците ќе добијат по 1000€ оштета за патните трошоци што ги изгубиле додека беа заклучени

насловна слика

1000€ оштета за секој пратеник кој останал заклучен во пленарната сала на Собранието, пресуди Врховниот суд на Нашата Земја по жалбата на пратениците од власта и опозицијата, кои тврдеа дека со ограничувањето на слободата на движење биле лишени од можноста да заработуваат за живот, при што била загрозена нивната егзистенција.

 

Како што се вели во пресудата, со заклучувањето на вратата од Собранието, на пратениците, а со тоа и на нивните семејства, им биле ускратени неколку стотици евра во патни трошоци, но и безброј искуства и спомени што би ги доживеале на пат кон родниот град и назад, кои никогаш нема да им бидат вратени.

 

Оштетените пратеници со кои разговаравме рекоа дека се прилично задоволни од донесената одлука, иако сметаат дека судот можел да биде малку подарежлив со парите на граѓаните, но сите негови пропусти ќе ги надоместат преку поголеми патни трошоци и повисоки дневници во Собранието.

Коментари

fDySVN65Rvkn1cKUC48yX4eeXPEHyL8F1NWhpFLl

Оштета ќе биде во евра или во денарска противредност.


Остави коментар