Врие во ДУИ по вчерашната сеча на 50 годишни стебла во Дебар Маало! Првиот еколог, Али Ахмети, видно потресен од масакрот што се случи врз стеблата во Центар, низ солзи се обрати до медиумите за да соопшти дека утрово свикал итна седница на Централниот одбор на партијата со само една точка на дневен ред – излегување од Владата.
- Најстрого го осудуваме овој непромислен чин и го доживуваме како личен напад на нашите зелени политики. Граѓаните треба да знаат дека ДУИ немаше никаква замешаност во сечата, ниту пак некогаш ќе биде дел од такви криминални акции. Бараме надлежните веднаш да отворат истрага и да го изведат пред лицето на правдата тој што го дозволил овој масакр. – рече лидерот на ДУИ.
Гласањето е закажано за 15 часот, иако веќе е сигурно дека членовите на ЦО нема да преминат преку ваквото газење на нивните принципи и ќе гласаат за излегување од коалицијата, после што Артан Груби ќе ги крене на клоци министрите и замениците на СДСМ.