Конечно! Откриваме зошто постои економска криза во земјава!
Имено, причината за тоа се граѓаните што не гласаа на референдумот!
Ова, денеска беше објавено од група на пратеници во објава за јавноста.
"Вистината е дека МПЦ-ОА стана автокефална поради Преспанскиот договор. Влеговме во НАТО поради Преспанскиот договор. Гугл и Фејсбук вложија во земјава поради Преспанскиот договор. Сите добри работи во земјава се случуваат поради Преспанскиот договор. Аналогно на ова, сите лоши работи се случуваат поради тие што не гласаа на референдумот. Зошто е скапо маслото за готвење? Зошто е скап бензинот? Зошто имате еректилна дисфункција? Поради тоа што не гласавте на референдумот! Логично е! Друг пат да размислите два пати што ќе правите!" - се вели во соопштението.