Аууу какво плескање во фацата на владат од страна на мажиштето Христијан Мицкоски!
Мажиште! Храбро, моќно, мудро и без шанса да размислат два пати!
УЛТИМАТУМ СО ГОЛЕМО У!
Лидерот на Христијан Мицкоски со најнов ултиматум кон владата на СДСМ!
Откако неколку пати побара предвремени избори во 2018, откако неколку пати побара предвремени избори во 2019, откако неколку пати побара предвремени избори во 2020 и откако неколку пати побара предвремени избори во 2021, Христијан Мицкоски по јубилеен осми пат оваа година побара предвремени избори.
Тој вели дека е време владата на СДСМ да падне и дека е смртно сериозен во своите барања.
"НЕМА ПРОСТОР ЗА ЧЕКАЊЕ! Барам оваа влада да се распушти и да се распишат предвремени избори. Ако ова не се случи во следните 5-6 години... ќе биде големата. Ќе ја напуштиме владата и ќе направиме сериозни скандали!!! Ама нели, прво да видиме што ќе направат. На потег е Ковачевски, Ако до 2028 нема избори... ќе види!!! ОВА Е УЛТИМАТУМ!!!!!!!" - напиша Христијан Мицкоски на неговиот профил на Hive.