logo

# Сатира

ПОСЛЕ ВАКЦИНИТЕ И ПОЖАРНИКАРИТЕ - СРБИЈА НИ ДАВА И МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО!

насловна слика

Откако диктаторот Вучиќ стана несфатен пријател на нашата земја, сега претседателот на Србија повторно нуди помош за Македонија!

 

Имено, после помошта со вакцините и пожарите, наводно Александар Вучиќ се понудил да биде нов министер за здравство во Македонија!

 

"Ептен сакам да помагам. Ептен. Значи сабајле се будам, излегувам од дома и гледам кој има проблем за да му помогнам. Ако никој нема, ќе му напраам проблем па ќе му помогнам. Секако Заев ги повлече зборовите дека сум диктатор и дека никогаш нема да побара помош од мене, па после две ситуации каде што му помогнав, сигурен сум дека со отворени раце ќе ја прими и третата помош од мене! Не за друго, дека глеам имате проблеми со министри за здравство па... онака... а бе, да се работи нешто, да не седам по дома,  хаха, знаете како е..." - изјави Вучиќ за нашиот сајт.

Коментари


Остави коментар