Само неколку денови откако во јавноста излезе веста за кампот "Секс, Извидници и Рокенрол", градот Скопје веднаш ги засука ракавите и се извини на родителите за скандалот. Од градот велат дека кога го финансирале овој настан немале поим настан со зборот "секс" во името ќе има било каква допирна точка со секс.
"А бе види... град Скопје го финансираше проектов, вистина е тоа, ама од кај да знаеме дека кампот "Секс, Извидници и Рокенрол" ќе биде поврзан со секс, извидници или рокенрол? Требало некако подобро да ни го објаснат тоа, можеби немало да го финансираме проектот ако знаевме за тоа..." - се вели во соопштението на градот.
Таткото на градот - Петре Шилегов, најавува дека ќе направи се што може да им се извини на родителите чии деца биле дел од овој скандал, а во знак на добра волја градоначалникот ќе овозможи бесплатен камп за сите деца што имале проблем на кампот "Секс, Извидници и Рокенрол"
"Навистина се осеќам лошо за ова што се случи. Ни на крај памет не би ми текнало дека на настан со такво име би се случувале сексуални работи. Затоа, моите советници ветија дека ќе направат посебен настан што ќе биде бесплатен за сите што беа дел од претходниот камп. Името на овој нов, бесплатен настан ќе биде "Пушење без гушење" и ќе ги учи младите на добри и позитивни вредности." - изјави Петре Шиелгов за нашиот сајт.
Кога го запрашавме дали е ова настан каде што децата ќе учат за негативнтие последици на никотинот или сепак има нешто поперверзно зад насловот на овој настан, господинот Шилегов само се насмевна и замина на следниот митинг возејќи го својот електричен тротинет.