logo

# Сатира

ПОСЛЕ ПРОБЛЕМИТЕ СО СЕЈДИНИ. Заев ќе направи Федерација за Добрососедство

насловна слика

Проблемите помеѓу првиот човек на ФФМ и прв... овај, ваљда втори... овај..кога ќе размислиш тре...ама можда и чет.. овај..

 

Проблемите помеѓу првиот човек на ФФМ - Сејдини и еден од луѓето во државава - Заев не запираат!

 

Откако првиот човек на Фудбалската Федерација на Македонија не му дозволи на човекот што не е премиер на Република Македонија да се сретне со фудбалерите на Македонија, Зоран Заев реши да направи своја федерација!

 

"Фудбалот е демоде бе Џони. Затоа ќе направам нова федерација. Федерација за добрососедство. Конечно спорт во кој ќе бидеме втори. Зошто втори? Пошто сме толку добри соседи што победата ќе им ја дадеме на комшиите! Ви текиња?" - изјави Заев кој продолжи:

 

"Фудбалот е игра, адреналин и тимски дух. Головите се само бројка на истекот на 90-те минути. А, добрососедството е внимателност и почит кои треба да траат со години, децении и векови. Честита победа на нашите македонски фудбалери, нашата гордост, нашиот тим кој оди напред кон европски пласман! Честито и на косовскиот тим за добрата игра. 🇲🇰🇽🇰 #EURO2020 #MKDKO"

Коментари


Остави коментар