logo

# Сатира

После пар денови во Македонија - ПЛАСТИЧЕН ДИНОСАУРУС ПОЧИНА ВО ЗООЛОШКАТА!

насловна слика

Жална вест.

Непребол.

Тага, молк и неверување.

 

Ова се само дел од насловите што можевме да ги искористиме за денешната срцепарателна вест која што ни доаѓа од зоолошката во Скопје.

 

Имено, само неколку дена после отварањето на Дино-паркот (каде на наше огромно разочарување не се пуштаа песни од Дино Дворник или Дино Мерлин) од страна на Петре Шилегов и Зоран Заев - ни доаѓа вест што ја потресе нацијата.

 

Имено, еден од диносаурусите починал после само неколку денови во државата.

 

"Навистина жална вест. Не ми се веруваше кога ми кажаа. Наводно диносаурусот не сакал да живее во Македонија. Фатил депресија и делувал поприлично летаргично. Веднаш му се влошила здравствената состојба. Пробале со се и се што да му помогнат, но сепак било предоцна. Гледам дека и на другите диносауруси им се влошува здравствената ситуација откако дојдоа во Македонија. Не знам што е следно, но почнувам да мислам дека сепак овие животни не треба да седат затворени туку треба да ги пуштиме во слобода, па потоа да се зачленат во Титови Леви Сили или некоја друга партија. Навистина лоша вест." - изјави еден од пријателите диносауруси.

 

 

Коментари


Остави коментар