logo

# Сатира

ПОСЛЕ ПАНДЕВ - Папата Франциск ќе се повлече од нашеземјестата репрезентација

насловна слика

После репрезентативното пензионирање од страна на Горан Пандев, Крсте Велковски и Иван Тричковски, нашата репрезентација доживеа уште еден удар.

 

Имено, Папата Франциск ќе се повлече од поддржување на нашата репрезентација.

 

"А бе ајде. Само ме зафркавате. Грешки дресови ми давате. Ми велите да се молам за тие у црвено па играте у бело. Ми велите едно па правите друго. Спомнувате трето, а чините нешто четврто. Хаос е ова пријатели. Јас сум се молел за ептен репрезентации, ама ваква хаотична репрезентација како вашата немам сретнато до сега. Ќе мора да се повлечам од репрезентативната кариера и ќе почнам моите таленти да ги насочувам кон други нации. Секое добро" - се вели во соопштението на Папата.

 

П.С. Насловот на оваа статија беше пишан од човек помлад од 46 години што не му се случува да му се испуштат зборови. Едвај ги чека парите од Бугарија, Грција, Бајден, ЕУ, Нато и Перо на неговата сметка. 

 

П.П.С. Перо не е држава, комшија е, ми должи 250 денари три месеца и ме мафта дека кај и да е ќе ми ги даде, дека немал пари и дека било криза... а цело време го гледам во кладилници и кафани. Море мамата, Перо!!!! ГО  ЧИТАШ ЛИ ОВА БЕ ПЕРО!?!!

Коментари


Остави коментар