logo

# Сатира

ПОСЛЕ МАСОВНИОТ ПРИТИСОК - ДАРДИШТЕ НЕ Е ДЕЛ ОД ОДБОРОТ НА "МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ"

насловна слика

После четириесетина дена на масовни протести, протестни писма од страна на невладини организации и сериозен притисок на социјалните медиуми - Шкодране Дардишта не е повеќе дел од одборот на директори на "Македонски Телеком"!

 

Ова соопштение доаѓа на големо задоволство на сите борци на мир кои неуморно во последниот месец се бореа во борба со национализмот, заканите и тероризмот!

 

Со ова нашата земја повторно докажува дека заедништвото е нашата најголоема сила и дека сме полни со објективни борци за слобода и невладини организации кои иако не добиваат никакви пари од владата (дека се невладини, логично) сепак се борат за правдата од љубов, а не од ќар.

 

Одлична вест и да се надеваме дека нема да се повтори нешто вакво!


Браво!

 

Забелешка: Ако случајно не го прочитавте зборот горе - оваа вест е сатирична. Апсолутно ниту една работа што е пишана горе нема врска со вистината. Јбг. Можеби во друг живот ќе биде подобро, а?

Коментари


Остави коментар