logo

# Сатира

ПОСЛЕ ЕДЕН МЕСЕЦ ВО КОМА! Македонец расплакан бидејќи нема пари да ја плати казната за непопишување!

насловна слика

Денеска, на мејлот на Кооперација.мк пристигна молба од растревожен граѓанин кој последниот месец го поминал во кома.

Го пренесуваме неговиот мејл во целост:

 

"Почитувани Кооперација.

 

Веќе месец дена бев во кома, откако ми падна наковална врз глава додека ја бркав Брзата Птица Итрица.

 

И денеска се разбудив од кома и пробав да се вратам на вистинскиот живот... 

 

...но се се смени кога го погледнав календарот!

 

Сфатив дека е поминат пописот во државата! Истиот попис што беше кажано дека нема шанса да се одложи и дека секој што нема да се потпише ќе биде казнет со 500 евра казна.

 

А јас толку пари немам. И така, расплакан, сиромашен и со желба дека некој ќе донира на мојата жиро сметка ви ја праќам оваа порака.

Се надевам некој ќе сака да ми помогне за да ја платам казната. Верувајте, сакав да се попишам, ама ете, бев во кома па знаете како е...

 

Со почит, Силвестер"

 

Коментари


Остави коментар