Помошта од братска Србија не запира! Откако тие, како членка на НАТО ни помогнаа со вакцините и борбата со пожарите низ цела држава (многу нормално, за џабе ли имаше референдум? Тука се гледа помош на дело од другите НАТО членки), овој пат се нудат за дополнителна помош!
Имено, Србија сака на нашата земја да и понуди диктатор! Велат дека имале посебна понуда - ако нарачате вакцини и противпожарни услуги тогаш добиваш и бесплатно диктатор. Освен тоа, тие велат дека ќе ни стават и дополнително поени на нашата "Клуб картичка" за попуст на Делимано тави и Џек ЛаЛејн пауер џусер.
Како што дознаваме, нашата држава сега за сега ја одбила оваа понуда со зборовите
"Диктатор? Не, фала, имаме веќе еден, да се потроши, па ќе размислиме"
EDIT: Се извинуваме на грешката во текстот погоре, Србија не е членка на НАТО... сомнително... навистина сомнително... Ваљда се само членки на ЕУ, НАСА и Елон Маск.