- Господ не чува нас Македонците. Во лудница!
- Македонија - двојазична земја, а толку многу неписмени.
- Во Македонија има пари со лопата да ги ринеш. Ама немам пари да си купам лопата.
- Во Македонија само луд човек може да остане нормален.
- Македонецот лесно може да врзе крај со крај. Едниот крај на вратот, другиот на гранка.
- Судбината сакаше да живеме најубаво. Многу сакаше.
- Во Македонија мора да си политички обоен. Или си плав од ќотек, или си црвен од срам.
- Во Македонија убаво се живее. Ама оди тоа докажи му го на психијатарот.
- Да живееш во Македонија е закон. Марфиев закон.
- Се чувствувам како Македонец. Гладен сум!
- Чудни се Божјите патишта. Особени кога Господ се шета низ Македонија!