Порано беше едноставно.
Ќе пишеш статус "Шо знам, последнава одлука на владава и не е баш перфектна..." и ќе добиеш само еден тип на коментар - "Aaaaaa ti si sorosoid ako dojdes na vlast ke go smenis imeto te znam jas tebe koj te plakja!!"
Па треба да му објасниш дека е параноичен, никој нема да го смени името и треба да престане да верува во секакви теории на заговор.
А сега е хаос.
Ќе пишеш статус "Шо знам, последнава одлука на владава и не е баш перфектна..." и добиваш секакви навреди:
"Ааааа ти си комуњар!!!! Ама не од оние СДСМ комуњари, туку од модерниве, ЛЕВИЦА комуњари!!!"
"Аааа тебе ти смета што Заев го зацврсти идентитетот со патриотски одлуки!!! Ти си од оние либералите што сакаат да ја уништат нацијата!!! Ама не од СДСМ либералите, туку од овие, новиве ЛЕВИЦА либералите!!!"
"Аааа ти си од овие конзервативците што се фатиле ко слепи за стап за уставот пред билион години напишан и не сакате промени!!!! Ама не си од оние СДСМ конзервативци туку од овие новите, ЛЕВИЦА конзервативци!"
"Аааа, ти си ВМРОвец! Ама не од овие на Мицко, туку од тие на Грујо!!"
"Аааа ти си ВМРОвец! Ама не од оние на Грујо, туку овие на Мицко!!"
"Аааа ти си СДСМовец..ама не од овие новите..од оние на Бранко!"
"Ааа ти си од оние на Љубчо! Ама..чек уствари, од чива беше Љубчо сеа?"
"Aaaаа ти си од ДУИ...што види, уствари не е така лошо, секој си има право на мислење..."
"Aaaa ти си од оние хомофобите!"
"Ааа ти си од оние педерите, убаво ви кажа лидерот наш!!!!"
"Аааа ти си од оние на Љубе Бошков...чек, од чива беше овој сеа?"
"Ааа ти си од оние центристите!!! Киселаводастите и Аеродромците се само бетер од вас!!"
"Ааа ти демек неопределен си а? Ама од овие на СДСМ неопределените, те осеќам!"
"Aaaa ти демек неопределен си, а? Ама од овие на ЛЕВИЦА неопределениве, те осеќам!"
"Аааа, ти демек неопределен си, а? Ама од овие на ВМРО неопределен...ама чек сеа, не можам да те осетам, дали си од ВМРО на Љубе, на Мијалков, на Љубчо, на Грујо, на Ахмети, на Али, на Лиле, на Мицко или на Каракачанов....АМА ИПАК, ТЕ ОСЕЌАМ!"
"Продавам точак"
"Ааа ти си ...ти си...ај да не зборам шо си тука пред луѓе, срам ми е...."
...ок, добро, ако си згодна женска нема ниту еден од овие коментари да добиваш туку
"Pozz lepotice bloknat sum, aj addni me na drugiot akaunt kaj sto ne gleda zhena ti, inace super status, ili steta za statusot ako e tazhen, ne znam, ne go citav ova, ama ej kakvo telo imash ej bo bo booooo"