Министерството за внатрешни работи и специјалниот тим за идентификување на знамиња што го формираше Владата, денес конечно успеаја да го приведат виновникот за разгорувањето на етничките тензии во земјава - стапот, кој на митингот во Тетово вееше знаме со мапа на Голема Албанија.
Од МВР не сакаа да даваат повеќе детали, само кратко соопштија дека за време на приведувањето осомничениот не покажал никакви емоции и искажаа благодарност до сите совесни граѓани кои испратиле дојави за локацијата на која тој се криел.
Како што неофицијално дознаваме, приведениот ѝ е добро познат на македонската полиција, која во повеќе наврати успеала да го фати, но на крај тој секогаш успевал да се извлече.