logo

# Сатира

ПОРАДИ ЗАКАНИТЕ ЗА БОМБИ: Дури 95% од директорите научиле како се користи меил

насловна слика

Секојдневните закани за поставени бомби по училишта, институции и други државни објекти во главниот град на земјава, сепак донесоа нешто позитивно и го исполнија пророштвото на Владо Јаневски, кој пееше „Секое лошо за добро е...“, а тоа е дигитално описменување на директорите на тие институции.

 

Имено, пред почетокот на заканите, само 2% од директорите знаеле како да отворат и да проверат меил, додека денес таа бројка е драстично поголема, благодарение најмногу на неколкуте пропуштени закани, кои со денови стоеле во инбокс, без никој да ги забележи.

 

- Првиот меил што пристигна го отворивме една недела подоцна и не ни бевме свесни дека некој ни се заканил. Да беше заканата во писмо, преку пошта, јас ќе реагирав уште истиот ден оти за тоа сум трениран, ама не беше. Важно заканата беше лажна, и уште поважно, сега знам како се проверува меилот. Така да, се' добро се заврши...само уште да го најдат тој што ги праќа заканите. - изјави за Кооперација еден од директорите.

 

Само уште да го најдат...

Коментари


Остави коментар