logo

# Сатира

ПОРАДИ ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ - Уапсен фан што пеел "Јави се јужна!"

насловна слика

Уште една огромна победа за правдата, демократијата, уставноста, моралноста и добрососедството!

 

Министерството за внатрешни работи на нашата земја прати свои луѓе во Романија со цел за да се уапси фан кој ширел територијални претензии!

 

"А бе... седев ја дома... глеав фудбал... и глеам.... фан! На трибини! Се дере "ЈАВИ СЕ ЈУЖНА!" како да нема утре! Прво мислев ми се причинува... се јавив на Оливер Спасовски... тој се јавил на Зоран Заев... и набрзина сфативме дека човеков има територијални претензии. Што има некој си нашинец да бара ЈУЖНА да се јави бе!?!? Јужна? Што е следно? Источна? Западна? Ма ајде ви се молам..." - изјави полицаецот што прв го забележа овој случај.

 

"Ова е огромна победа! Не смееме вакви сериозни терористи да се шетаат слободно!!!" - изјави Зоран Заев.


Со свое мислење се појави и претседателот на САД - Џо Бајден, кој кажа дека секој што ќе седи на Јужната трибина на Градскиот стадион во Скопје ќе биде ставен на црна листа.

Коментари


Остави коментар