logo

# Сатира

Поради скапата цена на брашното - Исус се појави на вреќа со соја

насловна слика

Скапите цени удрија по џебот на граѓаните!

 

Откако порасна цената на брашното се помал број на граѓани велат дека им се појавува ликот на Исус Христос на нивниот леб.

 

Но, не е се така црно бидејќи се зголемува бројот на луѓе кои го приметиле Исусовото лице на вреќа со соја.

 

"Eптен скапо ова брашново бе. И лебот поскапен и се. Лекар ми кажа да се префрлам на соја, демек било поздраво а слична цена ко лебов имал. И пази чудо, купив соја и... го видов Исус! Не знам, изгледа инфлацијата го погодила и Исус, порано читав дека на јајца и на леб се појавувал, ама еве, се менуваат деновите" - вели Г.С. од Скопје, човек кој приметил чудо деновиве.

 

 

Коментари


Остави коментар