Владата продолжува со секакви можни мерки да се бори против зголемените цени на прехранбените (а нели, и тие што не се прехранбени производи, ваљда не мислите дека авторот на текстов пие бензин???) производи.
Овој пат, тие се борат против поскапените цени на нафтените деривати на единствен начин на кој што тие знаат и умеат - со апсење на Миле Јанакиевски.
"Видете, овој можда и веќе е во затвор, немам појма. Ама битно пративме потера по него. Мора да се најде Миле Јанакиевски и да се однесе пред очите на правдата!" - изјави портпаролот на МВР.
Владата не е сигурна дали Миле Јанакиевски е причина за поскапениот бензин, но од таму велат дека мор да пробаш со секакво можно решение пред да почнеш да се буниш за нешто.
"А од кај знаеш па ти дека Миле Јанакиевски не е причина за скапиот бензин?!?! Што си ти као нешто паметен? Имаш инсајдерски информации? Нешто као ептен паметен си ти, а? Само на фејсбук дремеш ништо немаш сработено. Мене ќе ми кажуваш дали е Миле крив или не? Можда он е крив! Битно е да се движиме напред. Битно е да се проба со се. Битно е да се остварува. Лесно е да се буниш дека ова е глупо и нема логика. Ама... додека не пробаш не можеш да знаеш дали е глупо. Затоа.. прво да пробаме!" - изјави преставник на владејачката партија.