logo

# Сатира

Поради Русија - Apple го менува емоџито "ZZZ"

насловна слика

Помошта за Украина доаѓа од сите страни!

 

Откако тие добија најнови молитви од страна на НАТО (линк), овој пат и популарната компанија Apple ќе упати помош за Украинскиот народ.

 

Оваа помош ќе дојде во форма на менување на "ZZZ" емоџито со емоџи кое ќе го прикаже знамето на Украина.

 

"Знаеме дека емоџито треба да имплицира спиење. Некои го користат како емоџи за човек што 'рчи додека спие. Апсолутно ни е јасно дека емоџито нема врска со војната. Но! Сепак, тоа емоџи ги има буквите ZZZ, што потсеќаат на пропагандните логоа на Руската армија. Затоа, ние ќе го смениме емоџито. Наместо човек да спие и да сонува "ZZZ" тој ќе сонува Украинско знаме. Значаен чекор во борба со правдата!" - изјави Стив Џобс во интервју за нашиот сајт преку Ouija board.

Коментари


Остави коментар