logo

# Сатира

ПОРАДИ РЕЦЕСИЈАТА: Становите на Ванчо Чифлиганец се стеснаа уште повеќе

насловна слика

Рецесијата што го зафати целиот свет пристигна и во Нашата Земја и веднаш удри онаму каде што најмногу боли - во квадратурата на становите изградени од еден од нашите најголеми хуманисти, Ванчо Чифлиганец.

 

- Зградите се дизајнирани да реагираат на промени на времето, но и на економските текови. Како што се зголемува рецесијата и инфлацијата, така на пример, 100 квадрати стануваат 80. Ако го додадеме и фактот дека становите се собираат од ладното, на крај добиваме 70 квадрати. Проста математика. - изјави Чифлиганец.

 

Како што објасни тој, на овој начин граѓаните добиваат повеќе за истите пари, затоа што помалите станови полесно се топлат, но и ги зближуваат членовите на семејството, кои наместо да се шират во различни соби, ќе седат заедно, во една соба.

Коментари


Остави коментар