logo

# Сатира

Поради промајата од честото отворање: Уставот хоспитализиран на пулмологија

насловна слика

Актуелниот устав на Нашата Земја, познат по тоа што се отвора почесто од било која врата во јавната администрација, доцна попладнево бил примен на клиниката за пулмологија, целосно изнемоштен и во тешка здравствена состојба, како последица на промајата со која мора да живее последниве 30 години.

 

- Пациентот е примен во 19:11 минути и се' уште не е стабилен. Веднаш откако дојде ни беше понудена помош од неколку експерти, кои инсистираа да го отворат и да го внесат тоа што е потребно за тој да стане на нозе, меѓутоа нивните квалификации беа во најмала рака сомнителни, па ја одбивме асистенцијата. - рече дежурниот доктор.

 

Тој не сакаше да дава никакви прогнози за тоа дали состојбата ќе се подобри или ќе се влоши, само кратко ни рече дека за неговото преживување клучни се следните две недели.

Коментари


Остави коментар