Луше сме - печатни грешки правиме!
Некои грешки се полоши од другите, а некои се богами подобри.
Една од вторите грешки е и грешката на нашиот премиер Димитар Ковачевски, кој денеска потпиша дека Гоца е Бугарка!
"Видете, јас бев спремен да пишам дека Гоце е од Бугарија. Арно ама, се случила грешка во пишување и официјално наместо Гоце - официјално потпишав дека Гоца е Бугарка. Е сега, на некој му е можеби чудно како може еден човек да решава за националност на друг човек... ама тоа се луѓе кои не следат дека за ова преговараме веќе пар години, така да нема ништо чудно во ова." - изјави Ковачевски.
Од друга страна пак, Гоца Тржан делува презадоволна што е Бугарка!
"А бе... не знаев дека сум станала Бугарка. Ама некако имав чувство! Се будам сабајле... гледам животот ми е подобар. Проверувам сметка во банка... гледам имам повеќе пари од порано! И еве, после дознав дека некој потпишал дека сум Бугарка, а со тоа и член на ЕУ. Се гледа, автоматски кога влегуваш член во ЕУ животот ти се менува за 180 степени уште во самиот момент. Не знам зошто повеќе луѓе не потпишат повеќе договори што автоматски ќе им го направат животот подобро." - изјави Гоца Тржан на српски јазик, а нас ни го преведе Елизабета Канческа-Милевска.