Доказ дека ако не си ги плаќате сметките, порано или подоцна ќе ве стигне казната.
Имено, Македонски Телеком денеска објави дека поради неплатени сметки го исклучиле црвениот телефон на Телма телевизија.
Од Телма немаат никакви забелешки, па оттаму и нема никаква контроверзија во оваа вест.
Сопственикот на Телма вели дека не ни знаел дека телефонот се уште функционира бидејќи веќе некое време не го користат и се имаат префрлено на мобилни.
"Преку Вибер правиме муабет. Фиксни телефони не користиме. Сме заборавиле да им кажеме на овие од телеком изгледа. Тоа е, се дешава. Се извинуваме за неплатените сметки и ќе ги платиме, а телефонот нема да го користиме бидејќи сепак ова е 21 век и контактираме преку интернет." - беше изјавата на чистачот во Телма, бидејќи не успеавме да го исконтактираме сопственикот на телевизијата.