Една недела откако Зоран Заев и Ципра добија на града, со свое достигнување може да се пофали и поранешниот премиер Никола Груевски.
Имено, истото здружение што ги награди Заев и Ципрас за мир, демократија и се нај - ја додели наградата "Големо влијание во областа на автомобилизмот" на Никола Груевски поради неговиот Мерцедес.
"Навистина ни е чест што нашето здружение кое е 100% легитимно и цело време дава вистински, објективни и заслужени награди ќе го има господинот Груевски како добитник на наградата од областа на автомобилизмот. Дознавме дека кога чул за Мерцедесот на Груевски дури и самиот Михаел Шумахер станал од кома и почнал со ракоплескање. Тоа што Груевски го направи за автомобилизмот е неверојатно, скоро па еднакво од рангот на тоа што Заев и Ципрас го направија за демократијата. Едноставно презадоволни сме што ќе ја доделиме оваа награда на едниот и единствен Груевски!" - изјави Рудолф Ерих Распе, директор на познатата агенција за доделување на легитимни награди "Барон Минхаузен"
Подолу, говорот на добитникот на наградата од областа на автомобилзимот:
"Навистина е чест што конечно некој го препозна мојот талент и сфати дека заслужувам награди, а не негативности и омраза. Ова е нешто што го очекував од првиот ден. Да не бидам сфатен како егости, но сметам дека ова е навистина заслужна награда и требаше да ја добијам многу порано. Баш пред пар саати кога одевме наваму се сретнав со Заев и дури и тој ми кажа дека е ова заслужена награда. Јас сум пресреќен" - изјави Мерцедесот.