logo

# Сатира

ПОРАДИ ЕКОНОМСКАТА КРИЗА: Состаноците на ДУИ поминаа без пукање, експлозии и жртви

насловна слика

Силните удари што глобалната економска криза ги задава на голем број држави, компании, но и поединци, не ја одминаа ниту нашата најбогата, како што ја нарече Битиќи "демократска компанија", која синоќа избра ново раководство без ниту еден испукан куршум, нешто што се случува за прв пат во нејзината историја.

 

- Секако дека ни фалат времињата кога нашите средби беа возбудливи како акционен филм, дискусиите се водеа преку нишан, а прославите за добиена функција изгледаа како битки од втора светска војна, но што е тука е. Мора да се штеди. Да не се разбереме погрешно, ДУИ се' уште има богат арсенал, само решивме да го чуваме за поважни поводи, како за свадби, за избори или ако не дај боже, некогаш паднеме од власт. - изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

 

Честитки за ова огромно достигнување на зелените од ДУИ пристигнаа од сите видни про-европски политичари во земјава и регионот, а претставници на ЕУ веќе се на пат кон земјава за лично да му честитаат на господинот Ахмети.

Коментари


Остави коментар