Конечно, ќе се реши и последната работа што ја делеше државава од влез во унијата што автоматски те прави бесмртен!
Имено, дознаваме дека ќе се менува името на МРТВ, а причината за ова е потпишаниот договор според кој се потврдува и зацврстува се што е македонско!
"Да, вистина е! МАКЕДОНСКА радио телевизија? Како бе Македонска?!?! Па знаат ли тие што значи договорот што зацврстува се што е македонско и потврдува дека македонското засекогаш ќе остане македонско? Значи дека мора да се смени името на МАКЕДОНСКАТА радио телевизија. А причината за тоа е договорот. Што го зацврстува македонското. И потврдува дека се што е македонско ќе остане македонско. Логично." - изјави Зоран Заев додека чекаше ред за да купи ѓеврек од Силбо.
Со оваа изјава се сложуваат сите неутралци на твитер, но сепак има и такви кои што мислат дека ова нема логика.
"Ова нема логика" - изјави жител на Германија откако му ја раскажавме ситуцијата.
Претпоставуваме дека е платен од ВМРО-ДПМНЕ. Ама не онаа на Љубчо. Љубчо е кул лик.