Арбен А., 43 годишен водоводџија од Тетово е нов директор на јавното комунално претпријатие „Тетово“ откако денес, додека работел на поправка на шолја во седиштето на ДУИ, претседателот Али Ахмети се препознал и мислејќи дека се работи за негов роднина, му доделил четиригодишен мандат.
- Сѐ се случи молскавично брзо и додека се трудев да објаснам дека се работи за грешка, комитетот на партијата веќе ме изгласа. Се надевам дека ќе успеам да ја оправдам дадената доверба и ќе успеам да направам разлика во овие неколку дена пред претседателот Ахмети да ја забележи грешката. – рече случајниот директор.
Од ДУИ признаа дека се работи за превид на нивниот претседател, но сепак експертите велат ова е најкомпетентниот директор што е избран во последниве 30 години и има вистински познавања од материјата, за разлика од неговите претходници, на кои единствена квалификација им беше блискоста со функционерите од ДУИ.