logo

# Сатира

ПОПИШУВАЧИТЕ ПЕАТ КОЛЕДАРСКИ ПЕСНИ ЗА ДА ГИ ЗБУНАТ ТИЕ ШТО НЕ ОТВАРААТ ВРАТА!

насловна слика

Владата успеа да го сруши отпорот на тие што не отвараат врата за попишувачите! Во генијален потег, попишувачите успеваат да ги добијат информациите на што е можно повеќе граѓани кои вообичаено не отвараат врата!

 

Како што дознаваме, попишувачите добиле наредба од Маричиќ да пеат коледарски песни со цел да ги збунат граѓаните кои не отвараат врата.

 

"Одлично оди пописот. Неколку луѓе не отвараа врата па почнав да им пеам дека паднало греде и утепало деде. Така да, освен тоа што попишав повеќе граѓани, успеав и да добијам бадеми и костени. Одлично е!" - изјави господин Попишувач.

 

"А бе види, ја заспав гледајќи вести... следно нешто што паметам е некој како ми пее пред врата за квачење... мислев сум се успал 4 месеци... одма станав, најдов нешто чоколатца и ситни денарчиња, отворив врата за да видам мали дечиња и... немаше. Имаше големи дечиња. Испадна од попис беа. Ептен бев збунет, ама еве, отпосле сфатив дека попишувачите имале нова тактика. Штосно, нема што." - изјави еден пензионер кој отворил врата откако попишувачите му запеале.

Коментари


Остави коментар