Конечно добри вести! Зоран Заев среќно и задоволно објави дека најголемата статистичка операција е успешна откако биле попишани 36,87% од населението!
"Имам задоволство да ви кажам дека се попишаа точно 36,87% од населението. После тоа го прекинавме пописот, бидејќи битни ми се само 36,87% од луѓето. Не е битно какви се другите, не е битно што велат законите, не е ни битно какви се резултатите на пописот. Битното е дека дознавме се за 36,87% од државата, а тоа е сосема доволна бројка да се прогласи нешто за успешно. Затоа и го прекинавме пописот кога стигнавме до овој процент, за да не трошиме пари и ресурси за небитни луѓе. Само 36,87% ми се битни. Баш прееска правев муабет со Ахмети, он вели 25% повеќе мерак му правеле, ама ја изгледа сум за 11.87% подобар од Ахмети во заграда се смее.
Што? Како мислите не треба да кажам "во заграда се смее" ? Па гледам по новини цело време го пишува тоа???
...аааа значи сами си пишувате вие новинарите тоа ако другиот човек се смее. Само да се насмеам е доволно? Не мора да кажам "во заграда се смее" ? Е па ок тогаш (се смее)"