Добро е, пописот се одвива во најдобар ред! Иако злите јазици ширеа негативна енергија, сепак Владата денеска потврди дека ова е еден од најдобро организираните пописи во Република Македонија во последните 10 години!!!
Што реално... не кажува ептен, ама ќе им веруваме на збор.
"Одличен е пописов! Не ни памтам кога последен пат сме имале вака добар попис. Некои велеа дека ќе се направи хаос со попишување онлајн и дозволување на државјанство на секој криминалец или човек што не е криминалец... ама тоа сега за сега се докажува како ноторна лага! Факт е дека пописот нема никакви проблоеми, а до сега се попишани 55 милион жители. Според првите жители, има 15 милиони македонци, 18 милиони албанци, 20 милиони јупитеровци, и 2 милиони останати жители. Ова само потврдува дека пописот е сосема фер и без никакви проблеми" - потврди човек што не е висок преставник на власта, ама не е ни низок. Онака 180 сантима можда, слободна претпоставка, од око.
Според него, до крајот на пописот се очекува да се стигне до 108.5 милиони жители на државата.