Политиката е курва!
Марко излегува од кафулето и застанува на автобуската да чека автобус. Доцна во ноќта е, нема жива душа на автобуската. Му приоѓа продавач на семки.
СЕМКАРОТ:Ајдеее топли, топли... повелете.
МАРКО:Кикириткиве солени ти се?
СЕМКАРОТ:Солени се.
МАРКОЕ, солени... Минатиот пат купив откај тебе, не беа солени.
СЕМКАРОТ:Овие солени се.
МАРКО:А, бе, и тогаш, некои беа солени, некои не беа солени...
СЕМКАРОТ:Овие сите се солени.
МАРКО:Солени, викаш...?
СЕМКАРОТ:Да, де, солени!
МАРКО:А колку ти е кило?
СЕМКАРОТ:150 денари.
МАРКО:Ама малку соленки ти се... Добро, бе, кај тебе секогаш солени ова цените! Дали си нормален?! Онаму подолу 100 денари се.
СЕМКАРОТ:Е, па, иди купи подолу!
МАРКО:И ќе одам!(Си оди семкарот, за кратко време му приоѓа курва.)
КУРВАТА:Имаш упаљач?
МАРКО:Немам.
КУРВАТА:Јас имам. Сакаш?
МАРКО:Не пушам.
КУРВАТА:Ни јас.
МАРКО:А што правиш тука? Вака доцна во ноќта...
КУРВАТА:Работам.
МАРКО:Работата го создала човекот. Може човек да создадеш.
КУРВАТА:Користам заштита.
МАРКО:А што работиш?
КУРВАТА:Работам на промоции.
МАРКО:Што промовираш?
КУРВАТА (му се доближува, си игра со косата):Орално, анално, вагинално...
МАРКО:Аха... и колку кошта тоа?
КУРВАТА:Три за сто... евра.
МАРКО:А на парче даваш?(Курвата се насмевнува, одат во ќошот зад зградата, курвата клекнува, му го откопчува патентот.)
МАРКО:Како се викаш?
КУРВАТА:Миринда.
МАРКО:Миринда... Тоа ми беше омилен сок во детството.
КУРВАТА:Колку е мал светот. (Почнува да работи.)
МАРКО:Колку години имаш?
КУРВАТА:Колку што ти е голем.
МАРКО:Изгледаш на постара. Одиш во школо?
КУРВАТА:Го напуштив. Морав да работам. Немавме пари.
МАРКО:Твоите не работат?
КУРВАТА:Татко ми ја тепаше мајка ми. Еден ден и се споија жичките. Го прегази со колата! Поминавме и преку него. Ја стрпаа во затвор. Брат ми почна да дува лепак. Одлепи! Морам да работам за да го прехранам.
МАРКО:Не ви помага државата?
КУРВАТА:Политиката е курва! Државата не ја бива...
МАРКО:Не ја бива за кур!
КУРВАТА:Ми го зеде зборот од уста.(Доаѓаат тројца маскирани момци со фантомки и палки. Курвата бега. Го претепуваат Марко.)
(Фрагмент од драмата „Го силувавме ежот“ од Марјан Анѓеловски