Откриена е одлична алтернатива на бензинот!
Имено, здружението "Политичари з
а Економско Неутрални Инвестиции и С лично" упати порака до граѓаните на земјава со цел да се намали трошокот.
Според здружението, најдобра алтернатива за купување бензин е... купување на виски на лидерот на партијата.
Сите членови се сложуваат дека ова е најдоброто нешто што може да го направите со цел да заштедите пари и да не ги трошите во бензинските низ земјава.
"Едноставно е. Не ти треба ни кола, ни бензин. Наместо тоа купете му виски на лидерот. Умилкувајте му се. Лидерот е богат, има приватна кола го носат со неа насекаде. Ако му купите доволно шишиња виски на лидерот тој ќе ве однесе на патувања со него. Taка не мора да трошите пари за бензин, а и подобро е за општеството бидејќи ќе делите автомобил наместо секој да патува со својот автомобил. Испробано!" - се вели во соопштението на здружението.