logo

# Сатира

Политичарите излегоа на протест против народот!

насловна слика

Охрабрени од протестот на извршителите, денеска и политичарите излегоа на протест против народот. Политичарите се револтирани од народот кој и покрај тоа што тие направиле многу за државата, народот не е задоволен. Тие се едногласни дека во поскоро време треба да се органзираат избори и да се смени овој ненароден народ. Во медиумите се шпекулираат неколку народи кои би можеле да бидат технички народ пред изборите.

„За што не гласаат?! За да може тие да кажуваат како треба да биде! Па ајде ви се молам! Толку проекти направивме, донесовме странски инвестиции, ја подобривме економијата… а тие пак не се задоволни. Срамота! Ќе предложиме да се формира технички народ пред изборите. А јас сум убеден дека на изборите политичарите ќе го казнат овој ненароден народ и ќе изберат народ кој навистина ја сака државата“ - изјави еден политичар, кој сакаше да остане анонимен.

Коментари


Остави коментар