logo

# Сатира

Полицијата ќе проверува дали имате секс со вакцинирана личност

насловна слика

Конечно, конкретни и сериозни мерки кои ќе помогнат во борбата со КОВИД пандемијата!


Владата најавува нова мерка според која полицијата ќе проверува дали водите љубов со вакцинирана личност или не.

 

"Мора сериозни мерки. Знаете ли колку вируси се пренесуваат од водење љубов? Не знаете? Не знам ни ја, последен пат секс имав у опозиција кога бев, сега ептен сум зафатен, 24/7 работиме. Ама друг ми е муабетот. Опасна е ситуацијата. Што ако девојката затрудни? После тоа од кај да знаеме дали детето ќе има вирус или не? Затоа, полицијата има право да влезе во вашиот дом, викендичка, подрум или комбе и да провери дали водите љубов со вакцинирана личност.

 

За да не се прекинува процесот, полицаецот ќе дојде од страна и ќе проба да види дупка во рамото. Ако не најде ќе го проверува домот за сертификат, а ако не најдат ќе го прекинат вашиот акт." - изјави член на владата.

 

Според првичните информации, Стојанче Ангелов, кој задоцни со прекинување на огнот низ Македонија планира да се фрли на работа и да го прекине огнот на љубовниците како дел од акцијата "Најди дупка и дознај дали е вакцинирана"

 

 

Коментари


Остави коментар