Таткото на Скопје, господинот Петре Шилегов поради големиот притисок од раскопани улици почнал да пие. Иако со неверување, јавноста дозна дека Петре нервозата ја лечел со десетина штока.
Токму поради тоа Петре пред некој ден дошол дома поднапиен. Неговата сопруга била видно разочарана и лута, издаваат извори блиски до Петре. Тој со цел да и се извини на саканата, сеуште поднапиен, во сопствената дневна изградил зелен сквер. Тоа бил еден агол од 2 метри квадратни каде поднапиениот засадил трева и врз неа ставил една клупа која ја набавил преку тендер за осум милиони денари. ПР тимот од град Скопје веднаш дошол го слика зелениот сквер, но Петре ги набркал бидејќи сакал да остане сам со сопругата. Тие седнале на клупата во зелениот сквер, а таа му рекла: "Петре, не сакам да те видам повеќе!" На тоа тој одговорил: "Мене и граѓаните не сакаат да ме видат, па затоа им градам зелени скверчиња." Потоа Петре почнал да се смее, по што му се слошило и повратил под клупата, врз скапо набавената трева во зелениот сквер.